10 А кога ја видоа ѕвездата, тие многу се зарадуваа со голема радост.
11 И штом влегоа во куќата, Го видоа Младенецот со мајка Му Марија, и паднаа, па Му се поклонија; потоа ги отворија своите ковчежиња и Му принесоа дарови: злато, ливан и смирна.
12 И откако на сон примија вест да не се враќаат кај Ирод, по друг пат заминаа за својата земја.
13 А штом си отидоа тие, ете, ангел Господов му се јави на Јосиф на сон, велејќи: „Стани, земи Го Младенецот и мајка Му, па бегај во Египет и остани таму додека не ти кажам, бидејќи Ирод ќе Го бара Младенецот за да Го погуби.“
14 И откако стана, Го зеде Новороденчето и мајка Му ноќно време и отиде во Египет.
15 И таму остана до смртта на Ирод, за да се исполни реченото од Господа преку пророкот, кој вели: „Од Египет Го повикав Синот Мој.“
16 Тогаш Ирод, кога виде дека мудреците го надитрија, се разгневи многу и испрати да ги погубат сите деца во Витлеем и по целата негова околина од две години и помали, според времето што точно го беше дознал од мудреците.