16 Тогаш Ирод, кога виде дека мудреците го надитрија, се разгневи многу и испрати да ги погубат сите деца во Витлеем и по целата негова околина од две години и помали, според времето што точно го беше дознал од мудреците.
17 Тогаш се исполни кажаното преку пророкот Еремија, кој говори:
18 „Глас се слушна во Рама, плач и ридање, и пискот голем: Рахила ги оплакува своите чеда и не сака да се утеши, зашто ги нема.“
19 А по смртта на Ирод, ангел Господов му се јави на сон на Јосиф во Египет
20 и му рече: „Стани, земи го Младенецот и мајка Му, и оди во земјата израилева, зашто изумреа оние што ја бараа душата на Младенецот.“
21 А тој откако стана, Го зеде Младенецот и мајка Му, и дојде во земјата израилева.
22 Но, кога чу дека во Јудеја царува Архелај, на местото од татка си Ирод, се уплаши да оди таму; и откако доби вест на сон, тој замина во галилејските предели.