20 и му рече: „Стани, земи го Младенецот и мајка Му, и оди во земјата израилева, зашто изумреа оние што ја бараа душата на Младенецот.“
21 А тој откако стана, Го зеде Младенецот и мајка Му, и дојде во земјата израилева.
22 Но, кога чу дека во Јудеја царува Архелај, на местото од татка си Ирод, се уплаши да оди таму; и откако доби вест на сон, тој замина во галилејските предели.
23 А кога пристигна, се насели во градот наречен Назарет за да се исполни реченото преку пророците дека ќе се нарече Назареец.