6 ‚И ти, Витлееме, земјо Јудина, по ништо не си помал меѓу владетелствата Јудини; зашто од тебе ќе излезе Водач Кој ќе го пасе Мојот народ – Израил.‘“
7 Тогаш Ирод тајно ги повика мудреците и го дозна од нив времето кога се појавила ѕвездата,
8 па, испраќајќи ги во Витлеем, им рече: „Одете и распрашајте се добро за Младенецот и, штом ќе Го најдете, јавете ми за да дојдам и јас да Му се поклонам.“
9 Тие, откако го ислушаа царот, си заминаа. И, ете, ѕвездата, што ја беа виделе на Исток, врвеше пред нив, додека не пристигна и се запре одозгора, каде што беше Младенецот.
10 А кога ја видоа ѕвездата, тие многу се зарадуваа со голема радост.
11 И штом влегоа во куќата, Го видоа Младенецот со мајка Му Марија, и паднаа, па Му се поклонија; потоа ги отворија своите ковчежиња и Му принесоа дарови: злато, ливан и смирна.
12 И откако на сон примија вест да не се враќаат кај Ирод, по друг пат заминаа за својата земја.