14 И дојдоа кај Него во храмот куци и слепи, и Тој ги излекува.
15 А првосвештениците и книжниците, кога ги видоа чудата што ги направи, и слушајќи ги децата како викаат во храмот и велат: „Осана на Давидовиот Син!“, негодуваа,
16 и му рекоа: „Слушаш ли што велат тие?“ А Исус им рече: „Да! Зар никогаш не сте читале: ‚Од устата на новороденчиња и од доенчиња Ти си приготвил пофалба?‘“
17 И кога ги остави, излезе надвор од градот, во Витанија, и таму преноќи.
18 А утредента, враќајќи се во градот, огладне;
19 и виде покрај патот смоква, па отиде до неа; откако не најде на неа ништо освен лисја, рече: „Од сега да нема плод на тебе довека!“ И смоквата веднаш се исуши.
20 Штом го видоа тоа, учениците се зачудија и рекоа: „Како веднаш се исуши смоквата!“