29 Тој одговори и рече: ‚Не сакам!‘ но потоа се покаја и отиде.
30 Отиде и кај вториот, и му го рече истото. Тој одговори и рече: ‚Ќе отидам, господаре.‘ Но не отиде.
31 Кој од двајцата ја исполни татковата волја?“ Му рекоа: „Првиот.“ Тогаш Исус им рече: „Вистина ви велам дека цариниците и блудниците пред вас ќе влезат во царството Божјо:
32 зашто дојде кај вас Јован по патот на праведноста и вие не му поверувавте, а цариниците и блудниците му поверуваа; вие, пак, иако видовте, не се предомисливте отпосле за да му поверувате.“
33 „Чујте друга парабола! Беше еден човек домаќин, кој насади лозје, го загради со плот, ископа во него бунар, направи кула и, откако им го предаде на лозарите, си отиде.
34 И кога наближи времето за берба, тој ги испрати кај лозарите своите слуги за да ги земат плодовите негови.
35 Но, лозарите, ги фатија неговите слуги, едниот го претепаа, другиот го убија, а третиот со камења го засипаа.