34 И кога наближи времето за берба, тој ги испрати кај лозарите своите слуги за да ги земат плодовите негови.
35 Но, лозарите, ги фатија неговите слуги, едниот го претепаа, другиот го убија, а третиот со камења го засипаа.
36 Тој повторно испрати други слуги, повеќе од првите; но и со нив постапија исто.
37 Најпосле го испрати кај нив својот син, велејќи: ‚Ќе се засрамат од син ми.‘
38 Но лозарите, штом го видоа син му, си рекоа меѓу себе: ‚Овој е наследникот; ајде да го убиеме и да го присвоиме наследството негово.‘
39 Па, го фатија, го изведоа надвор од лозјето и го убија.
40 Кога ќе дојде господарот на лозјето, што ќе им направи на тие лозари?“