35 Но, лозарите, ги фатија неговите слуги, едниот го претепаа, другиот го убија, а третиот со камења го засипаа.
36 Тој повторно испрати други слуги, повеќе од првите; но и со нив постапија исто.
37 Најпосле го испрати кај нив својот син, велејќи: ‚Ќе се засрамат од син ми.‘
38 Но лозарите, штом го видоа син му, си рекоа меѓу себе: ‚Овој е наследникот; ајде да го убиеме и да го присвоиме наследството негово.‘
39 Па, го фатија, го изведоа надвор од лозјето и го убија.
40 Кога ќе дојде господарот на лозјето, што ќе им направи на тие лозари?“
41 Му одговорија: „Злосторниците жестоко ќе ги погуби, а лозјето ќе го даде на други лозари што ќе му ги даваат плодовите навреме.“