40 Кога ќе дојде господарот на лозјето, што ќе им направи на тие лозари?“
41 Му одговорија: „Злосторниците жестоко ќе ги погуби, а лозјето ќе го даде на други лозари што ќе му ги даваат плодовите навреме.“
42 А Исус им рече: „Зар никогаш не сте читале во Писмата: ‚Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана камен темелник: тоа е од Господ и чудесно е во очите наши.‘
43 Затоа ви велам дека царството Божјо ќе биде земено од вас и ќе се даде на народ што ги принесува неговите плодови.
44 И кој падне врз тој камен, ќе се разбие; а врз кого тој ќе падне, ќе го здроби.“
45 И слушајќи ги Неговите параболи, првосвештениците и фарисеите разбраа дека говори за нив,
46 па настојуваа да Го фатат; но се плашеа од народот, зашто Го сметаа за пророк.