5 „Кажете ѝ на ќерката Сионова: ете, твојот цар доаѓа кај тебе кроток и седи на магарица и младо магаре, син на подјаремница.“
6 Учениците отидоа и направија така, како што им беше заповедал Исус.
7 Ги доведоа магарицата и младото магаре и ги кладоа одозгора алиштата свои, и Тој седна над нив.
8 А мнозина од народот ги постилаа по патот облеките свои; други, пак, сечеа гранки од дрвјата и ги постилаа по патот;
9 а народот што врвеше пред Него и по Него, викаше велејќи: „Осана на Синот Давидов! Благословен е Оној што доаѓа во името Господово! Осана во висините!“
10 И кога влезе во Ерусалим, целиот град се раздвижи, велејќи: „Кој е овој?“
11 А народот говореше: „Овој е Исус, пророкот од Назарет галилејски.“