9 а народот што врвеше пред Него и по Него, викаше велејќи: „Осана на Синот Давидов! Благословен е Оној што доаѓа во името Господово! Осана во висините!“
10 И кога влезе во Ерусалим, целиот град се раздвижи, велејќи: „Кој е овој?“
11 А народот говореше: „Овој е Исус, пророкот од Назарет галилејски.“
12 И влезе Исус во храмот Божји и ги истера сите што продаваа и купуваа во храмот, ги растури масите на менувачите и столовите на оние што продаваа гулаби,
13 и им рече: „Напишано е: ‚Домот Мој нека се нарече дом за молитва‘, а вие го направивте разбојничка пештера.“
14 И дојдоа кај Него во храмот куци и слепи, и Тој ги излекува.
15 А првосвештениците и книжниците, кога ги видоа чудата што ги направи, и слушајќи ги децата како викаат во храмот и велат: „Осана на Давидовиот Син!“, негодуваа,