12 Па му рече: ‚Пријателе, како влезе овде, необлечен во свадбена облека?‘ А тој молчеше.
13 Тогаш царот им рече на слугите: ‚Врзете му ги рацете и нозете, земете го и фрлете го во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцкање со заби!‘
14 зашто, мнозина се повикани, а малкумина избрани.“
15 Тогаш фарисеите отидоа и се советуваа како да Го фатат во некој збор.
16 И ги испраќаа кај Него своите ученици, заедно со некои Иродовци, кои Му говореа: „Учителе, знаеме дека си вистинит и навистина ги учиш луѓето на патот Божји, и не се плашиш од никого, зашто не гледаш кој е кој;
17 затоа кажи ни; што мислиш: треба ли да се дава данок на царот или не?“
18 Но Исус го проѕре лукавството нивно и рече: „Што Ме искушувате, лицемери?