15 Тогаш фарисеите отидоа и се советуваа како да Го фатат во некој збор.
16 И ги испраќаа кај Него своите ученици, заедно со некои Иродовци, кои Му говореа: „Учителе, знаеме дека си вистинит и навистина ги учиш луѓето на патот Божји, и не се плашиш од никого, зашто не гледаш кој е кој;
17 затоа кажи ни; што мислиш: треба ли да се дава данок на царот или не?“
18 Но Исус го проѕре лукавството нивно и рече: „Што Ме искушувате, лицемери?
19 Покажете Ми ја даночната пара.“ Тие Му донесоа еден денариј.
20 И им рече: „Чиј е овој лик и натпис?“
21 Тие одговорија: „На царот.“ Тогаш им рече: „Подајте го царевото на царот, а Божјото на Бога!“