23 Во истиот ден пристапија кон Него и садукеите, кои велат дека нема воскресение, и Го прашаа,
24 говорејќи: „Учителе, Мојсеј рече: ‚Ако умре некој без деца, тогаш брат му нека ја земе жената негова и нека му подигне потомство на својот брат!‘
25 Кај нас имаше седуммина браќа; првиот се ожени и умре; па, бидејќи немаше пород, ја остави жената своја на брата си;
26 исто така направи и вториот, и третиот, сѐ до седмиот;
27 а по сите нив умре и жената.
28 При воскресението, на кого од седуммината ќе биде таа жена, бидејќи со сите живеела?“
29 Исус им одговори и рече: „Се лажете, зашто не ги познавате Писмата, ниту силата Божја;