29 Исус им одговори и рече: „Се лажете, зашто не ги познавате Писмата, ниту силата Божја;
30 зашто при воскресението луѓето ниту се женат, ниту се мажат, туку се како ангели Божји на небото.
31 А за воскресението на мртвите, не сте ли читале што ви рекол Бог, велејќи:
32 ‚Јас сум Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.‘ Бог не е Бог на мртвите, туку на живите.“
33 И народот, слушајќи го тоа, се восхитуваше на Неговата наука.
34 Кога фарисеите слушнаа дека ги замолчи садукеите, се собраа заедно.
35 И еден од нив, законик, искушувајќи Го, запраша и рече: