32 ‚Јас сум Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.‘ Бог не е Бог на мртвите, туку на живите.“
33 И народот, слушајќи го тоа, се восхитуваше на Неговата наука.
34 Кога фарисеите слушнаа дека ги замолчи садукеите, се собраа заедно.
35 И еден од нив, законик, искушувајќи Го, запраша и рече:
36 „Учителе, која заповед е најголема во Законот?“
37 А Исус му одговори: „ ‚Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум;‘
38 тоа е прва и најголема заповед;