38 тоа е прва и најголема заповед;
39 а втората е слична на неа: ‚возљуби го својот ближен како себеси!‘
40 На тие две заповеди се држат целиот Закон и Пророците.“
41 И кога се собраа фарисеите, Исус ги праша
42 и рече: „Што мислите за Христос? Чиј син е Тој?“ Му одговорија: „Давидов.“
43 Им рече: „Како тогаш Давид, преку Духот Го нарече Господ, велејќи:
44 ‚Му рече Господ на Мојот Господ: Седи од Мојата десна страна, додека не ги положам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои.‘