4 Повторно испрати други слуги и им рече: кажете им на поканетите: ‚Ете, приготвив јадење; јунците мои и сѐ што е угоено се заклани, и сѐ е готово; дојдете на свадбата!‘
5 Но тие го пренебрегнаа тоа и си отидоа: едни на нива, други по трговијата своја;
6 а останатите, пак, ги фатија неговите слуги, ги исмејаа и ги убија.
7 Штом чу за тоа царот, се налути, испрати своја војска и ги погуби убијците и им го запали нивниот град.
8 Тогаш им рече на слугите свои: ‚Свадбата е готова, но поканетите не беа достојни.
9 Затоа одете по крстопатите и колкумина ќе најдете, поканете ги на свадба!‘
10 И излегоа слугите по патиштата, ги собраа сите што ги најдоа – и лоши и добри; и се наполни свадбениот дом со гости.