42 и рече: „Што мислите за Христос? Чиј син е Тој?“ Му одговорија: „Давидов.“
43 Им рече: „Како тогаш Давид, преку Духот Го нарече Господ, велејќи:
44 ‚Му рече Господ на Мојот Господ: Седи од Мојата десна страна, додека не ги положам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои.‘
45 И така, ако Давид Го нарече Господ, како тогаш може Тој да Му е син?“
46 И никој не можеше да Му одговори ниту збор, и од тој ден никој веќе не се осмели да Го праша.