6 а останатите, пак, ги фатија неговите слуги, ги исмејаа и ги убија.
7 Штом чу за тоа царот, се налути, испрати своја војска и ги погуби убијците и им го запали нивниот град.
8 Тогаш им рече на слугите свои: ‚Свадбата е готова, но поканетите не беа достојни.
9 Затоа одете по крстопатите и колкумина ќе најдете, поканете ги на свадба!‘
10 И излегоа слугите по патиштата, ги собраа сите што ги најдоа – и лоши и добри; и се наполни свадбениот дом со гости.
11 Кога влезе царот да ги види гостите, забележа еден необлечен во свадбена облека.
12 Па му рече: ‚Пријателе, како влезе овде, необлечен во свадбена облека?‘ А тој молчеше.