13 А кој ќе издржи до крај, тој ќе биде спасен.
14 И ќе биде проповедано ова Евангелие за царството по целиот свет, за сведоштво на сите народи; и тогаш ќе дојде крајот.“
15 „Па така, штом го видите гнасниот пустошник како стои на светото место, за која зборува пророкот Даниил – кој чита нека разбере,
16 тогаш оние, што се наоѓаат во Јудеја, нека бегаат по планините;
17 кој е на покрив нека не слегува да земе нешто од куќата своја;
18 и кој е на нива, нека не се враќа назад за да ги земе алиштата свои!
19 Но тешко на бремените и на доилките во тие дни!