20 Затоа молете се да не стане бегањето ваше зиме или во сабота;
21 зашто тогаш ќе има голема неволја, каква што немало од почетокот на светот па досега, ниту, пак, ќе има.
22 И ако не се скратат оние дни, никој не би се спасил; но заради избраните ќе се скратат тие дни.
23 Тогаш, ако ви каже некој: ‚Еве, овде е Христос‘ или ‚таму е‘ – не верувајте!
24 Зашто ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат големи знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, и избраните.
25 Ете, однапред ви кажав.
26 И така, ако ви речат: ‚Ете, Тој е во пустината‘ – не излегувајте; или, ‚ете, во скришните одаи е‘ – не верувајте!