3 И кога седеше на Маслиновата Гора, Му пријдоа учениците Негови насамо и Му рекоа: „Кажи ни, кога ќе биде тоа, и каков ќе биде знакот за Твоето доаѓање и за крајот на светот?“
4 А Исус им одговори и рече: „Пазете се, да не ве излаже некој;
5 зашто многумина ќе дојдат во Мое име, говорејќи: ‚Јас сум Христос!‘ и ќе прелажат мнозина.
6 Ќе слушате за војни и гласови за војни. Гледајте да не се уплашите, зашто сето тоа треба да биде; но тоа уште не е крајот.
7 Зашто ќе се крене народ против народ, и царство против царство, и на места ќе има глад, помор и потреси;
8 а сето тоа е почеток на страдањата.
9 Тогаш ќе ве предадат на мачење и ќе ве убијат; и ќе бидете мразени од сите народи, заради Моето име.