30 Тогаш ќе се јави на небото знакот на Синот Човечки и ќе заплачат сите земни племиња, и ќе Го видат Синот Човечки како доаѓа на небесните облаци, со сила и голема слава;
31 и ќе ги испрати Своите ангели со силен трубен глас, и ќе ги соберат Неговите избраници од четирите ветра, од едниот до другиот крај на небесата.“
32 „Научете ја параболата од смоквата: штом ќе се подмладат нејзините гранки и пуштат лисја, знаете дека е близу летото;
33 Така и вие, кога ќе го видите сето тоа, знајте дека е близу, пред вратата.
34 Вистина ви велам: нема да мине овој род додека сето ова не се исполни.
35 Небото и земјата ќе минат, но зборовите Мои нема да минат.“
36 „А за тој ден и час никој не знае, ниту ангелите небесни, туку само Мојот Отец;