33 Така и вие, кога ќе го видите сето тоа, знајте дека е близу, пред вратата.
34 Вистина ви велам: нема да мине овој род додека сето ова не се исполни.
35 Небото и земјата ќе минат, но зборовите Мои нема да минат.“
36 „А за тој ден и час никој не знае, ниту ангелите небесни, туку само Мојот Отец;
37 но, како што беше во деновите на Ное, така ќе биде и при доаѓањето на Синот Човечки;
38 зашто, како што во деновите пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и се мажеа до оној ден кога Ное влезе во ковчегот,
39 и не сфатија додека не дојде потопот и истреби сѐ – така ќе биде и доаѓањето на Синот Човечки.