37 но, како што беше во деновите на Ное, така ќе биде и при доаѓањето на Синот Човечки;
38 зашто, како што во деновите пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и се мажеа до оној ден кога Ное влезе во ковчегот,
39 и не сфатија додека не дојде потопот и истреби сѐ – така ќе биде и доаѓањето на Синот Човечки.
40 Тогаш ќе бидат двајца на нива: еден ќе биде земен, а другиот ќе биде оставен;
41 две жени ќе мелат со рачна мелница: едната ќе биде земена, а другата ќе биде оставена.
42 Па така, бидете будни, зашто не знаете во кој час ќе дојде вашиот Господ.
43 Знајте го и ова: кога домаќинот на куќата би знаел во кој час ќе дојде крадецот, тој би останал буден и не би дозволил да му провалат во куќата.