7 Зашто ќе се крене народ против народ, и царство против царство, и на места ќе има глад, помор и потреси;
8 а сето тоа е почеток на страдањата.
9 Тогаш ќе ве предадат на мачење и ќе ве убијат; и ќе бидете мразени од сите народи, заради Моето име.
10 Тогаш мнозина ќе се соблазнат и еден со друг ќе се предаваат и еден со друг ќе се мразат;
11 многу лажни пророци ќе се појават и ќе прелажат мнозина;
12 и бидејќи беззаконијата ќе се умножат, кај мнозина љубовта ќе олади.
13 А кој ќе издржи до крај, тој ќе биде спасен.