1 И кога ги заврши Исус сите овие зборови, им рече на учениците Свои:
2 „Знаете дека по два дни ќе биде Пасха и Синот Човечки ќе биде предаден на распнување.“
3 Тогаш првосвештениците, книжниците и старешините народни се собраа во дворот на првосвештеникот, по име Кајафа,
4 и се советуваа како да Го фатат Исус со измама и да Го убијат;
5 но рекоа: „Само не на празникот, за да не стане бунт меѓу народот.“
6 А кога беше Исус во Витанија, во куќата на Симон Лепрозниот,
7 Му пријде една жена со алабастерен сад со скапоцено миро и го изли врз главата Негова, кога Тој седеше на трпезата.