10 Но Исус, разбирајќи го тоа, им рече: „Зошто ја буните жената? Таа направи добро дело кон Мене!
11 Бидејќи сиромасите ги имате секогаш покрај себе, а Мене Ме немате секогаш;
12 таа, излевајќи го тоа миро врз телото Мое, Ме приготви за погреб.
13 Вистина, ви велам: каде и да биде проповедано ова Евангелие, по цел свет ќе се прикажува тоа што го направи таа, за нејзин спомен.“
14 Тогаш еден од дванаесетмината, по име Јуда Искариотски, отиде кај првосвештениците
15 и рече: „Што ќе ми дадете, па да ви Го предадам?“ А тие му предложија триесет сребреници.
16 И оттогаш тој бараше погодно време да Го предаде.