17 А во првиот ден на празникот Бесквасници пристапија кон Исус учениците и Му рекоа: „Каде сакаш да ти приготвиме да јадеш Пасха?“
18 Тој им рече: „Одете в град кај тој и тој човек и кажете му: ‚Учителот вели: времето Ми наближи, кај тебе ќе ја прославам Пасхата со учениците Свои.‘“
19 Учениците постапија како што им заповеда Исус и ја приготвија Пасхата.
20 Кога се стемни, Тој седна на трпезата со дванаесетте.
21 И кога јадеа, им рече: „Вистина ви велам: еден од вас ќе Ме предаде.“
22 Тие многу се нажалија и секој од нив почна да Го прашува: „Да не сум јас, Господи?“
23 А Тој им одговори и рече: „Оној што макна со Мене од чинијата, тој ќе Ме предаде.