21 И кога јадеа, им рече: „Вистина ви велам: еден од вас ќе Ме предаде.“
22 Тие многу се нажалија и секој од нив почна да Го прашува: „Да не сум јас, Господи?“
23 А Тој им одговори и рече: „Оној што макна со Мене од чинијата, тој ќе Ме предаде.
24 Синот, пак, Човечки, си оди, како што е напишано за Него; но тешко му на оној човек преку кого Синот Човечки ќе биде предаден; подобро ќе беше за тој човек да не се беше родил.“
25 А Јуда, што Го предаде, одговори и рече: „Да не сум јас, Рави?“ Му одговори: „Ти рече.“
26 И кога јадеа, Исус зеде леб, го благослови, го прекрши, и откако им го даде на учениците, рече: „Земете, јадете, ова е Моето тело.“
27 И кога ја зеде чашата, заблагодари, им даде и рече: „Пијте од неа сите;