26 И кога јадеа, Исус зеде леб, го благослови, го прекрши, и откако им го даде на учениците, рече: „Земете, јадете, ова е Моето тело.“
27 И кога ја зеде чашата, заблагодари, им даде и рече: „Пијте од неа сите;
28 зашто ова е Мојата крв на Новиот завет, која се пролева за мнозина, за простување на гревовите.
29 И вам ви велам, зашто отсега нема да пијам од овој лозов плод сѐ до оној ден, кога ќе пијам нов со вас, во царството на Мојот Отец.“
30 И откако испеаја благодарствена песна, се искачија на Маслиновата Гора.
31 Тогаш Исус им рече: „Сите вие ќе се соблазните поради Мене уште оваа ноќ; зашто е напишано: ‚Ќе удрам по пастирот и овците од стадото ќе се разбегаат.‘
32 А по воскресението Мое ќе отидам пред вас во Галилеја.“