29 И вам ви велам, зашто отсега нема да пијам од овој лозов плод сѐ до оној ден, кога ќе пијам нов со вас, во царството на Мојот Отец.“
30 И откако испеаја благодарствена песна, се искачија на Маслиновата Гора.
31 Тогаш Исус им рече: „Сите вие ќе се соблазните поради Мене уште оваа ноќ; зашто е напишано: ‚Ќе удрам по пастирот и овците од стадото ќе се разбегаат.‘
32 А по воскресението Мое ќе отидам пред вас во Галилеја.“
33 Тогаш Петар Му одговори и рече: „Дури и сите да се соблазнат поради Тебе, јас никогаш нема да се соблазнам.“
34 Исус му рече: „Вистина, ти велам: оваа ноќ уште пред да пропее петел, трипати ќе се одречеш од Мене.“
35 Петар Му кажа: „Ако затреба дури и да умрам со Тебе, нема да се откажам од Тебе!“ Истото го рекоа и сите ученици.