4 и се советуваа како да Го фатат Исус со измама и да Го убијат;
5 но рекоа: „Само не на празникот, за да не стане бунт меѓу народот.“
6 А кога беше Исус во Витанија, во куќата на Симон Лепрозниот,
7 Му пријде една жена со алабастерен сад со скапоцено миро и го изли врз главата Негова, кога Тој седеше на трпезата.
8 И кога го видоа тоа учениците Негови, негодуваа и рекоа: „Какво е тоа растурање?
9 Зашто тоа миро можеше скапо да се продаде и да им се даде на сиромасите.“
10 Но Исус, разбирајќи го тоа, им рече: „Зошто ја буните жената? Таа направи добро дело кон Мене!