42 Пак и по втор пат отиде и се помоли, говорејќи: „Оче Мој, ако не може да ме одмине оваа чаша без да ја пијам, нека биде волјата Твоја!“
43 Кога дојде, пак ги најде како спијат, зашто очите им беа натежнале.
44 Откако ги остави, отиде и се помоли по третпат, изговарајќи ги истите зборови.
45 Тогаш пак дојде кај учениците Свои и им рече: „Сѐ уште спиете и почивате! Ете, наближи часот и Синот Човечки се предава во рацете на грешниците.
46 Станете, да одиме! Ете, се приближува оној што Ме предава.“
47 Додека Тој уште говореше, ете, Јуда, еден од дванаесетмината, дојде, и со него многу луѓе со мечеви и стапови, испратени од првосвештениците и старешините народни.
48 А оној, што Го предаваше, им беше дал знак, велејќи: „Фатете Го Тој што ќе го целивам!“