49 И веднаш му пријде на Исус и Му рече: „Те поздравувам, Рави!“ И Го целива.
50 А Исус му рече: „Пријателе, зошто си дошол?“ Тогаш пристапија, положија раце на Исус и Го фатија.
51 И ете, еден од оние што беа со Исус, протегна рака и го извади ножот свој, па го удри слугата на првосвештеникот, и му го отсече увото.
52 Тогаш Исус му рече: „Врати го ножот на неговото место. Зашто сите што се фаќаат за нож, од нож ќе загинат;
53 или мислиш дека не можам да Го помолам сега Својот Отец да Ми прати повеќе од дванаесет легиони ангели?
54 Но, како ќе се исполнат Писмата, ако ова не стане?“
55 Потоа Исус му рече на народот: „Како на разбојник сте излегле со мечеви и стапови за да Ме фатите. Секој ден седев со вас, поучувајќи во храмот, и не Ме фативте.