68 и говореа: „Проречи ни, Христе, кој Те удри?“
69 А Петар седеше надвор во дворот. И му пријде една слугинка и му рече: „И ти беше со Исус Галилеецот!“
70 Но тој се одрече пред сите, велејќи: „Не знам што зборуваш!“
71 А кога одеше кон вратата, го виде друга и им рече на оние што беа таму: „И овој беше со Исус од Назарет!“
72 Но тој пак се одрече со заклетва: „Не Го познавам Човекот!“
73 Малку потоа се приближија оние што стоеја таму и му рекоа на Петар: „Навистина, и ти си од нив, зашто и говорот твој те издава!“
74 Тогаш тој почна да се колне, и се заколна: „Не Го познавам Човекот!“ И веднаш запеа петел.