72 Но тој пак се одрече со заклетва: „Не Го познавам Човекот!“
73 Малку потоа се приближија оние што стоеја таму и му рекоа на Петар: „Навистина, и ти си од нив, зашто и говорот твој те издава!“
74 Тогаш тој почна да се колне, и се заколна: „Не Го познавам Човекот!“ И веднаш запеа петел.
75 И се сети Петар на Исусовите зборови што му ги рече: „Уште петел пред да запее, трипати ќе се одречеш од Мене.“ Па излезе надвор и горко плачеше.