13 велејќи: „Кажете дека: ‚учениците Негови дојдоа ноќе и Го украдоа додека ние спиевме;‘
14 и, ако за тоа чуе управникот, ние ќе го убедиме и вас ќе ве ослободиме од грижа.“
15 А тие ги зедоа парите и направија, како што беа научени. И тој глас се пренесува меѓу Јудејците и до денес.
16 А единаесетте ученици отидоа во Галилеја, на гората, каде што им беше заповедал Исус;
17 па, штом Го видоа, Му се поклонија; а некои се посомневаа.
18 А Исус, кога пристапи, проговори и рече: „Ми се даде секаква власт на небото и на земјата.
19 Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух,