8 И излегоа брзо од гробот, со страв и голема радост и отрчаа да им соопштат на учениците Негови.
9 Кога одеа да им јават на Неговите ученици, ете, Исус, ги пресретна и им рече: „Радувајте се!“ А тие се приближија, ги гушнаа нозете Негови и Му се поклонија.
10 Тогаш Исус им кажа: „Не плашете се; одете и соопштете им на браќата Мои, да отидат во Галилеја, и таму ќе Ме видат.“
11 Кога одеа тие, ете, некои од стражарите, влегувајќи в град, им кажаа на првосвештениците за сето она што беше станало.
12 И тие, кога се собраа со старешините и се посоветуваа, им дадоа многу пари на војниците,
13 велејќи: „Кажете дека: ‚учениците Негови дојдоа ноќе и Го украдоа додека ние спиевме;‘
14 и, ако за тоа чуе управникот, ние ќе го убедиме и вас ќе ве ослободиме од грижа.“