1 „Гледајте да не ја покажувате својата праведност пред луѓето само за да бидете забележани; инаку, нема да имате награда од вашиот Отец, Кој е на небесата.
2 И така, кога даваш милостина не разгласувај пред себе, како што прават лицемерите по синагогите и по улиците, за да ги фалат луѓето. Навистина ви велам, тие веќе ја добиле својата награда.
3 А ти, кога даваш милостина, да не знае твојата лева рака што прави десната,
4 за да биде твојата милостина во тајност; и тогаш, твојот Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно.“
5 „И кога се молиш, не биди како лицемерите, кои сакаат по синагогите и крстопатите да стојат и да се молат за да се покажуваат пред луѓето. Вистина ви велам, тие веќе си ја добиле својата награда.