17 А ти кога постиш, помажи ја главата своја и измиј го лицето свое,
18 па да се покажеш дека постиш не пред луѓето, туку пред твојот Отец, Кој е во тајност; и твојот Отец, Кој гледа во тајност, ќе те награди јавно.“
19 „Не собирајте богатства на земјата, каде што ги јаде молецот и рѓата, и каде што крадците ги поткопуваат и крадат;
20 но собирајте си богатства на небото, каде што ниту молец, ниту рѓа ги јаде, и каде што крадци не ги поткопуваат, ниту крадат.
21 Зашто, каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше.“
22 „Светило за телото е окото. И така, ако твоето око биде чисто и целото твое тело ќе биде светло;
23 ако, пак, твоето око биде лошо, целото твое тело ќе биде темно. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, тогаш колкава ли ќе е темнината?“