28 Зошто се грижите и за облеката? Погледнете ги полските кринови како растат! Не се трудат, ниту предат;
29 но ви велам дека ниту Соломон, во целата своја слава не се облече така, како еден од нив.
30 Па, ако полската трева, што денеска ја има, а утре во печка се фрла, Бог така ја облекува, а колку ли повеќе вас, маловерни!?
31 Па затоа, не грижете се и не говорете: ‚што да јадеме, или што да пиеме‘, или ‚во што да се облечеме?‘
32 Зашто сето тоа го бараат незнабошците, а вашиот Отец небесен знае дека од сето ова имате потреба.
33 Но, барајте го најнапред царството Божјо и Неговата правда, и сѐ ова ќе ви се придодаде.
34 И затоа, не грижите се за утре, зашто утрешниот ден ќе се грижи за своето; на секој ден доволно му е неговото зло.“