6 Но ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба и, откако ќе ја затвориш вратата, помоли Му се на твојот Отец, Кој е во тајност; и Твојот Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно.
7 Кога се молите, не говорете многу како незнабошците, зашто тие мислат дека за своите многубројни зборови ќе бидат услишени;
8 вие, пак, не бидете како нив, зашто вашиот Отец знае од што имате потреба уште пред да Го помолите.“
9 „Туку вие молете се вака: Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое;
10 да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата;
11 лебот наш насушен дај ни го денес;
12 и прости ни ги долговите наши, како што и ние им ги проштеваме на нашите должници;