9 „Туку вие молете се вака: Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое;
10 да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата;
11 лебот наш насушен дај ни го денес;
12 и прости ни ги долговите наши, како што и ние им ги проштеваме на нашите должници;
13 и не воведувај нѐ во искушение, но избави нѐ од лукавиот, зашто Твое е царството, и силата, и славата во сите векови. Амин!
14 Бидејќи, ако им ги простите на луѓето грешките нивни и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен.
15 Ако, пак, не им ги простите грешките на луѓето и вашиот Отец нема да ви ги прости вашите грешки.“