1 Тогаш Тој откако влезе во коработ, премина и пристигна во Својот град.
2 И ете, донесоа кај Него еден фатен, положен на постела. Па кога ја виде Исус нивната вера, на фатениот му рече: „Не плаши се, чедо! Ти се простуваат гревовите твои!“
3 Тогаш некои од книжниците си рекоа во себе: „Овој богохулствува!“
4 А Исус штом ги разбра нивните мисли, им рече: „Зошто мислите лошо во срцата ваши?
5 Што е полесно да се каже: ‚Ти се простуваат гревовите!‘ или да се каже: ‚Стани и оди!?‘
6 Но да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да проштева гревови.“ Тогаш му рече на фатениот: „Стани, земи си ја постелата и оди си дома!“