1 Првата книга, Теофиле, ја напишав за сѐ она што Исус го правеше и поучуваше, од почетокот,
2 па сѐ до денот кога се вознесе, откако преку Светиот Дух им даде заповеди на апостолите што беше ги избрал.
3 Ним по Своето страдање им се претстави жив, со многу верни докази, јавувајќи им се четириесет дни и зборувајќи им за царството Божјо.
4 Еднаш кога ги собра, Тој им заповеда: „Не оддалечувајте се од Ерусалим, туку чекајте го ветувањето од Отецот што сте го слушале од Мене: