Дела 4 MK2006D

Петар и Јован пред Синедрионот

1 И уште додека тие му зборуваа на народот, пристапија кон нив свеш­тениците, старешината на храмот и са­дукеите,

2 огорчени што тие го поучуваат на­родот и навестуваат воскресение на мрт­вите во името на Исус Христос;

3 и кренаа раце на нив и ги ставија под стража до утрината; зашто се беше веќе завечерило.

4 А мнозина од оние што го слушаа словото, поверуваа; бројот на тие луѓе беше околу пет илјади.

5 Утредента се собраа во Ерусалим нивните началници, старешините и книжниците,

6 првосвештеникот Ана, Кајафа, Јо­ван и Александар, и сите што му при­па­ѓаа на родот првосвештенички.

7 Откако ги поставија во средината, ги прашаа: „Со каква моќ и во чие име го направивте ова?“

8 Тогаш Петар, исполнет со Дух Све­ти, им рече: „Началници народни и ста­решини израилски,

9 ако денес нѐ испитувате за доброто дело, што му го направивме на болниот човек, за да кажеме како е тој излекуван,

10 тогаш нека ви биде познато на сите вас и на сиот народ израилски, дека овој стои здрав пред вас во името на Исус Христос од Назарет, Кого вие Го рас­пнавте, Кого Бог Го воскресна од мрт­ви­те.

11 Тој е оној камен што од вас ѕ­ида­ри­те беше отфрлен, Кој стана камен те­мелник;

12 и во никој друг нема спасение: зашто под небото нема друго име дадено на луѓето, преку кое би можеле да се спасиме.“

13 А кога ја видоа смелоста на Петар и Јован, и дознаа дека тоа се неуки и прости луѓе, тие само се восхитуваа. Сфатија дека и тие беа со Исус.

14 Но, гледајќи го излечениот човек како стои со нив, тие немаа што да им возвратат.

15 Затоа им заповедаа да излезат надвор од Синедрионот, па почнаа да се со­ветуваат и да се прашуваат еден со друг,

16 велејќи: „Што да правиме со овие луѓе? Зашто и големото чудо што се случи преку нив познато им е на сите што живеат во Ерусалим, и ние не мо­жеме тоа да го одречеме.

17 Но за да не се разгласува ова по на­родот уште повеќе, строго да ги зап­ла­шиме да не зборуваат повеќе никому во Негово име.“

18 И кога ги повикаа, им заповедаа воопшто да не зборуваат, ниту пак да го учат народот во името на Исус.

19 Но Петар и Јован им одговорија и рекоа: „Просудете дали е справедливо пред Бога вас да ве слушаме повеќе от­колку Бог;

20 зашто ние не можеме да не зборуваме за она што сме го виделе и чуле.“

21 А тие, бидејќи не најдоа ништо со што би можеле да ги казнат, ги зап­ла­шија и ги пуштија поради народот; заш­то сите Го прославуваа Бога за она што се беше случило.

22 Човекот, пак, над кого се случи тоа чудесно исцеление, имаше повеќе од че­тириесет години.

Молитва на верниците

23 И кога ги пуштија, тие отидоа кај своите и им јавија што им рекоа прво­свештениците и старешините.

24 А овие, штом ги ислушаа, едно­душ­но го подигнаа гласот кон Бога и рекоа: „Господаре, Ти Кој си го создал небото и земјата, и морето и сѐ што се наоѓа во нив;

25 и Кој преку Светиот Дух со устата на нашиот татко Давид, Својот слуга, си рекол: ‚Зошто беснеат народите и луѓе­то намислуваат празни работи?

26 Се дигнаа царевите земни и кнезо­вите се собраа заедно против Господа и против Неговиот Помазаник‘.

27 И навистина, се здружија во тој град Ирод и Понтиј Пилат заедно со незнабошците и со народот израилски против Твојот Свет Син Исус, Кого си Го помазал Ти,

28 за да го направат она што однапред го беше определила раката Твоја и волјата Твоја – да се збидне.

29 И сега, Господи, погледај на нив­ни­те заплашувања и дај им на слугите Свои наполно слободно да го про­по­ве­даат Твоето слово,

30 полагајќи ја раката Своја за исцеление, и да се случуваат чудесни знаци во името на Твојот Свет Син Исус.“

31 И откако се помолија, се затресе местото каде што беа собрани, и сите се исполнија со Дух Свети и слободно го проповедаа словото Божјо.

Верниците меѓусебно го споделуваат својот имот

32 А народот, што поверува, имаше едно срце и една душа: и никој ништо од својот имот не го нарекуваше свое, туку сѐ им беше заедничко.

33 Апостолите, пак, со голема сила сведочеа за воскресението на Господа Исуса Христа; и имаше голема благодат над сите нив.

34 Не постоеше ниеден меѓу нив што имаше потреба за нешто, бидејќи оние што имаа ниви и куќи, ги продаваа и па­рите земени за нив ги донесуваа

35 и ги оставаа пред нозете на апостолите: и секому му се даваше според не­говите потреби.

36 Така Јосиф, наречен од апостолите Варнава, што значи син на утехата, ле­вит, родум од Кипар,

37 кој имаше нива, ја продаде, ги до­не­се парите и ги положи пред нозете на апостолите.

поглавја

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28