13 И кога дојдоа, се искачија во горната одаја, каде што престојуваа Петар и Јаков, Јован и Андреј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зилот и Јуда Јаковов.
14 Тие сите еднодушно беа постојано во молитва и молење заедно со некои жени и со Марија, мајката на Исус, и со браќата Негови.
15 И во тие дни Петар стана меѓу браќата, а беа се собрале околу сто и дваесет души и рече:
16 „Мажи браќа! Требаше да се исполни напишаното што го беше претскажал Светиот Дух преку устата Давидова за Јуда, водачот на оние што Го фатија Исуса,
17 зашто тој беше вброен меѓу нас и беше примил дел од оваа служба;
18 но со неправедна награда тој стекна нива и, откако падна ничкум, прсна по средината, и се истури целата негова утроба.
19 И тоа им стана познато на сите жители во Ерусалим дека таа нива се нарече на нивниот јазик Акелдама, што значи „крвна нива“.