18 но со неправедна награда тој стекна нива и, откако падна ничкум, прсна по средината, и се истури целата негова утроба.
19 И тоа им стана познато на сите жители во Ерусалим дека таа нива се нарече на нивниот јазик Акелдама, што значи „крвна нива“.
20 Зашто во книгата на Псалмите е напишано: ‚Домот негов да запусти и никој во него да не живее, епископството негово друг да го прими.‘
21 И така, еден од оние луѓе што беа со нас за сето време, откако дојде и си замина од нас Господ Исус,
22 почнувајќи од крштевањето Јованово па до денот кога се вознесе од нас, треба да биде сведок со нас за Неговото воскресение.“
23 И поставија двајца: Јосиф, наречен Варнава, а по прекар Јуст, и Матиј;
24 потоа се помолија и рекоа: „Ти, Господи, Кој ги познаваш срцата на сите, покажи од овие двајца еден, кого си го избрал,